Како и секогаш, судирите беа поврзани со гласањето за кандидатите, па и овој пат, пердувите летаа меѓу Саша Поповиќ и Јелена Карлеуша. Двајцата се испонавредија, кој како стигне.

„Не знаев Јелена, дека ги пееш и овие лимонади“ – и рече Саша на пејачката, а потоа таа го уште пониско „му спушти“:
„Ова не е лимонада, срце мое ќораво, туку ова е најголемиот грчки хит“ – му возврати Jелена Карлеуша асоцирајќи на тоа дека саша носи очила за вид.
Сепак, „боцкањето“ не заврши тука, бидејќи Поповиќ продолжи да и се спротивставува на Карлеуша.
„Душо моја цицлеста, ова е за мене лимонада, верувај ми…“ – и рече Саша, алудирајќи на нејзините природно мали гради, надувани со огромни силикони и насмеа многумина во студиото.

„Тој со оваа песна заработи скоро исто толку пари колку ти овде со Гранд“ – се трудеше да му објасни Карлеуша.
Иако „препукувањето“ беше жестоко, никој од нив на крајот не се налути, а фокусот на шоуто се префрли на другите кандидати.