Јелена Карлеуша не престанува да го полни медиумскиот простор од забавните рубрики со настаните од нејзиниот живот.
Како некој кој е исклучително популарен во Србија и јавна личност која ја споделуваат милиони на социјалните мрежи, таа секој ден ги воодушевува своите обожаватели со нови фотографии од професионалниот и приватниот живот.
Мажите ги обожаваат нејзините секси фотографии, некои жени се љубоморни и фановите на нејзината музика едвај чекаат нов албум. Волшебник за медиуми и шоу-бизнис е токму Јелена, која добива коментари за што и да објави.
На една од нејзините фан страници се појави фотографија од Јелена со сопругот Душко Тошиќ и тоа нова заедничка по подолго време.
Карлеуша позира во костим за капење, додека во позадина Душко ја држи топката и очигледно се рекреира во базенот.
Нивниот брак функционира на далечина со оглед на тоа дека Душко игра фудбал во Кина, а таа живее во Белград. Кога настанала оваа фотографија, останува непознато.