Јелена Карлеуша вчера, 21 јануари 2019, сепак се појави на снимањето на “Ѕвездите на Гранд”. Пристигна видно нерасположена, во придружба на својот менаџер, избегнувајќи ги новинарите. Тешко и беше дури и да ги оценува кандидатите во музичкиот натпревар.
“Пејачката им се пожали на марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид, дека и се тресат рацета, и за разлика од претходно, кога на снимањето на емисијата, главно, доаѓаше видно расположена, сега не сакаше да комуницира со претставниците на печатот“ – пишува српски Блиц.
Она што го привлече најмногу вниманието беше тоа што Карлеуша не седеше на своето вообичаено место, покрај Давид и Марија, туку седна до Саша Поповиќ.
Јелена претходно секогаш сакаше да биде во центарот на вниманието и беше една од најгласните во жирито, а сега беше јасно дека таа само сака да биде што подалеку од објективите на камерите.
Карлеуша и по снимањето, задскривајќи се зад големите темни очила за сонце, брзо и без збор влезе во автомобилот што ја чекаше надвор и со голема брзина замина од студиото.