Карфиолот не е омилен зеленчук и секој ќе претпочита да избере нешто друго за јадење, но ако го подготвите на овој начин, ќе бидете воодушевени. Во тава пропржете карфиол со сланина и сирење и ќе имате прилог или главно јадење на кое никој нема да може да одолее. Комбинацијата на феноменални и достапни состојки ќе го направи ова јадење ваше омилено, а најдобро од сè, лесно се подготвува.
Состојки:
500 гр карфиол
200 гр сланина
1 кромид
200 гр чери домати
120 гр тврдо сирење
магдонос
Подготовка:
Карфиолот исечкајте го на мали цветчиња, а потоа кратко бланширајте во зовриена вода. Исечете ја сланината и пропржете ја на малку масло, па извадете ја од тавата. Во истото тавче додадете поголем кромид, па по неколку минути додадете чери домат исечен на половина. Пржете неколку минути со повремено мешање, а потоа вратете ја сланината и додадете го карфиолот. Посипете со рендано сирење и сечканиот магдонос, промешајте, па покријте и варете неколку минути.
извор:popara.mk