Живот и Стил

Карамелизиран банана тост – идеална верзија за сладок појадок

Карамелизиран банана тост – идеална верзија за сладок појадок

Одлична идеја за појадок, доколку од сега размислувате што да подготвите утре рано наутро.

Мерката во продолжение е за еден тост, но веруваме дека нема да запрете тука…

Состојки:
– 1 банана исечкана на кругови;
– 1 лажица кокосово масло;
– 2 лажици јаворов сируп;
– малку цимет;
– лажица путер од кикирики.

Подготовка:
Во тава на средна температура додадете го кокосовото масло и кога ќе се загрее додадете ја исечканата банана, покријте со јаворов сируп и оставете да отстои 2 минути. Свртете го секој ролат од банана на другата страна додека не порумени. Додадете цимет.

Намачкајте го тостот, одозгора ставете путер и банана.

извор:точка.ком.мк

To top