Радио Милева

Калиопи прозборе за бракот со Зафирчев: Тешко е онолку колку што сте спремни да поднесете!

Калиопи прозборе за бракот со Зафирчев: Тешко е онолку колку што сте спремни да поднесете!

Нашата музичка ѕвезда, Калиопи Букле, покрај извонредниот глас, вниманието во јавноста го привлекува и со својот храбар емотивен избор.

Пејачката која го отпеа неповторливиот хит „Бато“ во интервју за еден српски магазин проговори за своите два бракови, но и за односот со поранешните партнери денес. Калиопи дигна голема прашина кога стапи во брак со 13 години помладиот актер, Васил Зафирчев, со кој беше во брак 7 години.

Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Преку разводот е тешко да помине, онолку колку што сте спремни да поднесете. Моите поранешни сопружници денес се мои најдобри пријатели. Веројатно успеавме во тоа, бидејќи сите сме паметни луѓе, рекла Калиопи за поранешните сопружници за порталот „Аска“, а се огласила и за разликата во годините.

Мислам дека човекот низ историјата докажа дека кога љубовта е во прашање, правила за успех и неуспех не постојат. Затоа сите шпекулации паѓаат во вода, рекла таа за „Аска.рс“.

To top