Радио Милева кралицата во спомените на поп дивата

Калиопи на петгодишнината од смртта на кралицата на ромската песна: „Срамно е она што и го направивме на Есма“! (ВИДЕО)

Калиопи на петгодишнината од смртта на кралицата на ромската песна: „Срамно е она што и го направивме на Есма“! (ВИДЕО)

На 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, по кусо и тешко боледување почина кралицата на ромската музика или како што ја ословуваат и кралицата на убавата песна, Есма Реџепова-Теодосиевска. Зад неа остана долга 55 годишна кариера исполнета со неверојатно многу успеси.

Викендов се навршија пет години од смртта на  Есма, па речиси сите медиуми меѓу кои и  нашите соработници медиумски партнери од естрадниот магазин „Бекстејџ“ своето издание и го посвети на големата Есма, во кое зборуваа: Калиопи, претседателката на хуманитарното здружение „Стево и Есма Теодосиевски“, но и блиска пријателка на Есма, Зорана, синот Симеон Атанасов, Зоран Димов и естрадниот новинар Дуле Мичиќ.

Поп дивата Калиопи ја прекина медиумската изолација и проговоре за нејзината кума, пријателка Есма, се присети на убави мигови кои ги поминале заедно,но се разочарала од се она кое што се случува со нејзината куќа во која требаше да биде музејот.

Еве што кажа Калиопи  на петгодишнината од смртта на кралицата на ромската песна.

To top