Живот и Стил

Какви се хороскопските знаци како мајки

Какви се хороскопските знаци како мајки

Добри, строги, попустливи, со големи очекувања…Какви се хороскопските знаци како мајки?

Овен

Оваа мајка е силна која страшно многу се грижи за своите деца. Таа ќе се потруди да ги решава нивните проблеми и ќе се бори да ги научи да бидат бестрашни како неа. Таа е кул мајка која споро старее и има огромна енергија во себе. Таа е вистински борец, па во сите работи настапува како да оди во битка. Таа смета дека мајчинството не е за слабите жени. Секогаш им помага на своите деца да се снајдат и има силна верба во нив, но не дозволува никогаш да се мачат и да ја видат лошата страна на животот.

Предности: силна, свесна за своите вредности, бестрашна

Слабости : натпреварувачки настроена, опсесивна, претерано се грижи

Бик

Оваа мајка е создадена за работа и ужување. Прво се грижи дали е се во ред, а кога ќе се убеди во тоа, за неа следи забавата. Таа има силни хедонистички навики на кои ги учи и своите деца. Уште од мали, ги учи на добро воспитување и манири, па често за нив е и авторитет, но и најдобар пријател. Се додека децата не ја посрамотат, се е во ред.

Предности: рационална и вредна

Слабости : суетна, со чести промени на расположението и материјалистка

Близнаци

Оваа мајка никогаш не е досадна. Ги учи своите деца да бидат љубопитни и постојано да трагаат по знаење. Мозокот и работи брзо и е една од најексцентричните мајки во хороскопот.

Предности: рационална, со младешки дух и креативна

Слабости : контрадикторна, нетрпеливиа, сака да паметува, со неа сите работи се неизвесни.

Рак

Оваа мајка е една од најгрижливите мајки во хороскопот. Таа постојано се грижи за своите деца и за неа семејството е и на прво и на последно место. Таа гради поврзаност со своите деца за цел живот. Мајчинството многу и прилега и таа ужива во тоа.

Предности: чувствителна и предадена.

Слабости: премногу заштитнички настроена, со променливо расположение, плашлива и љубоморна.

Лав

Оваа мајка е секогаш приметена каде и да се појави. Се труди секогаш да биде тука за своето дете, и е подготвена да направи големи нешта за своите деца. Уште од мали ги учи да бидат во центарот на вниманието и израснува шармантни личности. Сепак, често има премногу големи очекувања од своите деца, па може да ги преоптерети за некои нешта. Но, штом пораснат и станат успешни доктори и адвокати, тие и се благодарни.

Предности: роден лидер, креативна и полна со самодоверба

Слабости: нарцис, премногу енергична, кралица на драмите

Девица

Мајките Девици во родителството пливаат како риби во вода, и тоа за нив е многу лесно. Иако се кариеристки кои ја сакаат работата премногу, сепак уживаат во мајчинството и водењето на домот.

Предности: организирана, рационална и многу интелигентна

Слабости: често осудува, се грижи премногу и анализира, но и очекува многу од своите деца

Вага

Ако оваа жена се оствари како мајка, таа го наоѓа балансот во својот живот. Тогаш, сите нешта имаат смисла за неа. Во суштина, оваа жена е најсреќна кога има цел за која живее, а тоа се децата за неа. Таа ужива во сите мали нешта кои мајчинството ги носи со себе, но треба да биде внимателна да не се труди премногу да ги моделира децата според своите уверувања.

Предности: чесна и трпелива

Слабости: суетна и сноб

Шкорпија

Кога оваа мајка е расположена, се е супер. Но, кога не е, сите треба да бегаат од неа, вклучително и нејзините деца. Таа е претерано заштитнички настроена кон децата и брзо се прилагодува на улогата на мајка. Таа дава се од себе нејзините деца да имаат сигурна иднина, така што умее целиот живот да одвојува пари за нивните студии. Животот со оваа мама е како исцрплива партија шах, каде кралицата сепак е најсилна фигура.

Предности: интиутивна и силна

Слабости: параноична, емотивно нестабилна, премногу контрола

Стрелец

Оваа жена живее во моментот и за неа мајчинството е една голема авантура. Таа целиот живот држи до својата слобода и често не знае да се наметне како авторитет кај своите деца, бидејќи и премногу пријателски се поставува. Често е брзоплета и спонтана, но тоа ги радува децата многу често.

Предности: мудра, духовита, авантуристка

Слабости: рамнодушна, крута и неорганизирана

Јарец

Често се чини дека во неа се содржани и двата родители. Не е дека таа нема женствена страна, туку редот и дисциплината и се во крвта на жената Јарец. Се држи до тоа децата да научат се што е потребно за животот. Сака блискост со нив, но не и да им биде најдобра другарка. Не покажува емоции низ нежност, туку низ делување и мали гестови.

Предности: организирана и доследна, трпелива, мудра, ги цени традиционалните вредности

Слабости: песимистка, премногу се грижи, сомничава и нервоза

Водолија

За оваа жена не постојат никакви правила. Функционира во хаос во кој никогаш не и е досадно и на животот гледа како на голема авантура и тоа сака да им го пренесе и на своите деца. Со неа секогаш можете да го очекувате неочекуваното, и иако не се врзува со луѓето, со своите деца има неверојатна поврзаност.

Предности: ведра, дружељубива и креативна

Слабости: ограничена, отуѓена

Риби

Оваа мајка гледа на себе како на божица. Секогаш е тука за своите деца и сака да им влее авторитет, но и чувство на обожавање кон неа. Таа е најголема поддршка за своите деца, но е и една од мајките кои воопшто не ги следат правилата за воспитување на своите деца.

Предности: Предадена и грижлива

Слабости: манипулативна, непостојана.

To top