Сите мислат дека се разбираат во родителството, освен кога треба сами да бидат родители! Колку пати се исплашивме кога детето се фрли на под во продавница во настап на бес? Убедени сме дека „родителите овие денови немаат поим“. Но, во најголем број случаи, тој сирот родител се обидува да воспостави некои граници и би требало помалку да го осудуваме и да се обидеме да го поддржиме.
Време е да се соочиме со 10 грешки во современото семејство кои често ги гледаме.
- Смирување на ситуацијата
Сопствениците на супермаркети не се пријатели на родителите. На крајот на краиштата тие бонбони и грицки намерно се ставени пред детскиот нос на каса. Многу родители попуштаат бидејќи мора да ја најдат картичката, да ги спакуваат работите во кеса, да го смират детето кое вреска во количка. Единствен проблем е во попуштање поради мирен живот е тоа што детето научило нова стратегија. Тоа ќе ја употребува повторно и повторно бидејќи му успева. Еден од начините како да го избегнете ова е добро да го нахраните детето пред да излезете, за да не му се отвора апетит за дополнителни грицки. Друг, да избегнувате купување намирници заедно со детето. А трет и најделотворен, е да научите да кажете НЕ, па макар земјата се потресла. Со текот на времето детето ќе научи дека не може на секое купување да дополнува работи во корпата.
- Не инсистирате на граници
Доколку постојано го разгалувате детето, тоа ќе прерасне во една себична личност која секогаш бара и очекува премногу. Доколку подоцна во текот на животот постојано се соочува со проблеми како неуспех во училиштето, а подоцна и на работното место, првенствено вината треба да му припадне на родителот. Научете го вашето дете на добро воспитување, дека за сè постојат граници и дека има казни и последици за недоличното, неприфатливо однесување.
- Немојте да бидете против сите кои работат со вашето дете
Сите работат против вашето дете, а вие постојано се ставате во улога на негов заштитник. Родителите во денешно време се обидуваат да ги спречат учителите во дисциплинирањето на нивните деца. Наставниците и останатите педагози треба да ја имаат вашата целосна поддршка, со цел децата еден ден да станат одговорни граѓани и да го научат значењето на зборот авторитет. Треба воедно да ги научите децата дека треба да ги слушаат учителите, затоа што им мислат сè најдобро.
- Не сте доследни
Понекогаш го казнувате детето за некоја мала ситница, а друг пат тоа поминува неказнето за некоја поголема и пострашна ситуација. Научете како да бидете доследни во казните и укорите. Во родителството не постои момент на умор, кога не сте расположени да му одржите лекција на детето. Секој ден и секоја нова грешка се повод за нова лекција.
- Не сочувствувате со детето
Кога работите стануваат потешки за детето во училиште, треба да сте во можност да изразите солидарност и сочувство. Ова не значи дека треба да седнете и да ја напишете домашната задача наместо него, како што прават најголем дел од денешните родители. Треба да знаете како да се поврзете со него. Научете се да разговарате за проблемите, да му помогнете да најде решение. Ништо нема да постигнете доколку му викате или инсистирате задачата да е готова до одреден временски рок, кога тоа нема поим како да ја сработи.
- Го моделирате родителството по примерот на вашите родители
Се издвојуваат 2 ситуации во овој случај: првиот, доколку сте биле воспитани премногу строго, па го следите истиот тој шаблон на воспитување. Втората опција е доколку го воспитувате детето дијаметрално спротивно од строгост, па одите во друг екстрем – им дозволувате на децата да владеат со вас и светот. Употребете го здравиот разум и пронајдете го својот стил на воспитување, без вашиот емоционален товар од минатото на оваа тема. Бидете подобри родители од вашите, нека тоа ви биде предизвик.
- Вие сте лош пример за вашето дете
Не попусто се рекло дека родителите треба да бидат пример за детето. Доколку се возбудувате и при најмала провокација и почнувате да викате, вашето дете претпоставува дека таквото однесување е нормално. Вознемирувањето и навредувањето на другите луѓе ќе прерасне во вообичаено однесување. Слично на ова, детето ќе го копира и вашите навики во исхраната, особено доколку сте зависна од брза, нездрава храна. Овозможете им на децата да носат мудри одлуки во врска со своето однесување и храната којашто ја јадат. Објаснете им зошто нешто е добро, а зошто нешто не чини, но немојте слепо да ги присилувате да ја следат секоја ваша одлука.
- Не поминувате доволно квалитетно време со децата
Дали навистина им го давате на децата целото свое неподелено внимание, или секој си гледа на својот таблет и телефон? Или можеби вниманието ви го одвлекува некоја серија на ТВ? Исклучете ги компјутерите, мобилните, телевизорот и таблетот. Нема подобар трик да поминете квалитетно време со своето дете.
- Не ги учите децата на трпеливост
Многу родители ги ставаат детските желби на прво место. Никој не се обидува да ги научи децата да почекаат. Додека чека, детето се учи да го користи својот мозок. Без обѕир дали чека ред за во тоалет, дали го чека автобусот или возење кое трае подолго, секое дете треба да се научи на трпение. Најдобро е секогаш да му дадете до знаење дека купувањето нова играчка, задачата или што и да е друго што си бара трпение, може да трае навистина долго. СОВЕТ: Учењето на трпение ќе му биде од огромна полза понатаму во животот на детето.
- Не сте добар водич за вашето дете
Најголем дел од родителската работа се состои во давање наредби и упатства. Размислете само колку негативна енергија емитувате. Толку многу време поминувате во наредување, што ви останува премногу малку време да се солидаризирате и поврзете со детето. Совет: Родителите секогаш треба мирно и сталожено да им одговараат на децата. Објаснете му зошто правилото е такво, а не поинакво, и замолете го да стори нешто друго, наместо првата задача којашто сте му ја дале. Кога им пристапувате на ваков начин, тие ја чувствуваат вашата позитивна енергија, а тоа делува благотворно и врз нив.