Фармерките ќе бидат во мода и оваа есен – всушност тие се безвременско парче облека. Но, какви модели ќе бидат модерни есенва?
Кога ќе настапат постудените денови, можете слободно да ги извадите вашите омилени фармерки од плакарот, бидејќи воглавно модерни модели ќе бидат оние од претходната есенска сезона.
Секоја жена во својот плакар треба да има еден пар совршени фармерки. Следната сезона во мода ќе бидат светли нијанси на фармерки кои можат да се комбинираат со бели патики, кожна јакна и елегантна кошула. Должината на фармерките ќе биде пократка и треба да ги открива глуждовите. Ваквиот тип фармерки ви овозможува да ги покажете чевлите.
Главна карактеристика кај фармерките за оваа есен е дека не бидат премногу тесни. Популарни се лежерните модели кои визуелно ја истакнуваат фигурата. Притоа, во мода не се само светлите фармерки, туку и темните. Црните фармерки се неопходни за креирање опуштен есенски стил, а совршено одговараат со елегантна кошула, па ваквата комбинација можете да ја носите и на важни состаноци.
Фармерките „мама“ со висок струк се омилени помеѓу трендсетерките, па со тоа тие остануваат и оваа сезона. Овој модел ги нагласува бутовите и струкот и е совршен за витките девојки. Во мода се скоро сите нијанси, од светли до темни.
Уште еден детаљ кој го привлекува вниманието е искинатите краеви на ногавиците на фармерките. Но, изберете модели со мали реси. Во постудената сезона лесно ќе ги искомбинирате со капут, кардиган и чизми. На прв поглед, изгледа тешко за правење комбинации со ваков модел, но крајниот изглед е неверојатно модерен.
Во продолжение погледнете неколку предлози од кои можете да се инспирирате:
извор:кафепауза.мк