Живот и Стил

Каква моќ има магичната комбинација на мед и лимон

Каква моќ има магичната комбинација на мед и лимон

медот и лимонот можат да имаат голем ефект врз нашето здравје, а кога се во комбинација, нивното лековито дејство значително се зголемува.

Лимонот и медот содржат антиоксиданси, имаат антибактериски својства и го зајакнуваат имунитетот.

Еве каква моќ има оваа комбинација на мед и лимон:

  1. Лечи бронхитис, кашлица и астма

Измешајте 2 лажички сок од лимон и 1 лажица мед и промешајте ги во чаша со вода. Пијте го овој пијалак неколку пати на ден доколку имате проблеми со белите дробови, грлото и запушен нос.

  1. Ги елиминира акните

Антибактериските својства на лимонот и медот можат да ви помогнат околу проблемите со акните. Покрај тоа, оваа комбинација содржи и антивоспалителни својства кои ја смируваат воспалената кожа. Направете маска од мед и лимон, нанесете ја на кожата, а потоа измијте ја и ќе добиете сјаен тен.

  1. Ублажува болни симптоми на убоди од инсекти

Лимонот и медот заедно имаат антисептичко дејство, па тоа ќе ви помогне доколку сте каснати од инсект. Ги ублажува отоците, воспаленијата и спречува инфекција.

  1. Помага при слабеењето

Лимонот е нискокалоричен, а медот дава енергија. Нивната комбинација го намалува собирањето на мастите во организмот, а шеќерот од лековитото овошје брзо се вари. Ако сакате да го намалите обемот на струкот, додајте 3 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед во чаша полна со млака вода. Ваквиот пијалак пијте го во утринските часови и ќе ви го забрза метаболизмот.

  1. Помага со грипот

Кога имунитетот ви е ослабен, подложни сте на настинка и грип. Поради тоа важно е да внесувате поголема доза витамин Ц со цел да го спречите тоа. Сварете литар вода, потоа додајте една лажичка рендан ѓумбир, 3 лажици мед и 3 лажици лимонов сок. Процедете и пијте го овој пијалак 2 до 3 пати на ден.

  1. Го решава проблемот со варењето во организмот

Во чаша полна со млака вода, ставете 2 лажички лимонов сок и 1 лажичка мед. На овој начин ќе се ослободите од тегобите при варењето. Свежиот лимонов сок го чисти организмот, ја балансира pH вредноста и дава многу корисни материи, како витамините Б и Ц и рибофлавин.

  1. Ја негува кожата

Ослободете се од трагите на стареењето на кожата со комбинацијата од мед и лимон. Брчките и другите знаци на стареење можете да ги отстраните користејќи маска од мед и лимонов сок.

To top