Врската помеѓу пејачката Тања Савиќ и нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ја интригира јавноста повеќе од половина година.
Додека Душан тврди дека тој и Тања се смириле, пејачката го вели спротивното, а сега на својот Инстаграм сподели цитат со кој даде до знаење дека го оставила сопругот.
– Не сакате некој поради бојата на очите и косата, па ниту поради вашата убавина. Го сакате за начинот на кој тој се однесува кон вас. Затоа го оставате – напиша Савиќ.
Да потсетиме, драмата меѓу Тања и нејзиниот сопруг започна во април годинава, кога тој ги однесе нивните синови во Австралија.