Современиот календар сме го превземале, односно наследиле од Римјаните кои првобитно имале 10 месеци во годината, а таа почнувала во март, што им било логично на сите бидејќи почнувала пролет и нов циклус на будење на природата.
Отприлика 700 години пред новата ера, римскиот владетел по име Нум Помпилус решил да ја исправи таа празнина и додал 2 месеци во календарот.
Јануари: Januarius (латински), го добил своето име по Јанус, римски бог на влезот, капијата, вратата, почетокот и крајот. Јанус има две лица, секое на една страна од главата за да може да гледа и на почеток и на крај што се случува.
Февруари: Februarius (латински), името потекнува од терминот Februa, ритуал на прочистување, кој се одржувал на 15 февруари.
Март: Martius (латински), го добил името по Марс, римскиот бог на војната.
Април: Aprilis (латински), на латински значи се отвара: го добил оваа име бидејќи во тој период цвеќето расцветува.
Maj: Maius (латински), наречен по божицата Маја, заштитничка на растенијата и нивниот раст.
Јуни: Junius (латински), наречен по божицата Јунона. Нејзин симбол бил паун, а јуни е месец на разнобојни цвеќиња.
Jули: наречен по Гај Јулие Цезар.
Август: наречен по Август Цезар, првиот римски император.
Септември: Septem (латински), значи седум, некогаш бил седми месец во римскиот календар.
Oктомври: Octo (латински), значи осум, некогаш бил осми месец во римскиот календар.
Ноември: Novem (латински), значи девет, некогаш бил деветти месец во римскиот календар.
Декември : Decem (латински), значи десет, некогаш бил десетти месец во римскиот календар
извор: Курир.мк