Живот и Стил

Како пробиотските производи делуваат на настинките

Како пробиотските производи делуваат на настинките

Редовното јадење јогурт може да биде клучно за здравјето, во сезоната на настинки и грипови. Пробиотските „добри“ бактерии кои ги има во дел од јогуртите можат да ви помогнат во заштитата од настинки и инфекции на дишните патишта.

Пробиотските производи најчесто може да се најдат во јогурт, ферментирани и неферментирани млечни производи, како и во одредени производи од соја. Пробиотиката е достапна и во форма на додаток на исхраната.

Тие го подобруваат имунолошкиот систем на два начина: го подобруваат интегритетот на ѕидовите на цревата, но и ја поттикнуваат активноста на фагоцитите, кои се важни во борбата против инфекции, затоа што ги апсорбираат штетните бактерии и другите непознати честички. Пробиотиката ќе ви помогне во борбата со настинките, преку подобрување на природниот одбранбен систем на вашето тело.

To top