Исклучително мекото чувство на кашмир го прави барано плетиво за џемпери, шалови, ќебиња… Бидејќи е многу нежен материјал, често се поставува прашањето како да се испере кашмирот бидејќи не сакаме да го уништиме.
Пред да го измиете кашмирот, проверете ги упатствата за нега на етикетата. Некои џемпери и облека од кашмир бараат рачно перење, додека други дозволуваат перење во машина. Сепак, препораките на производителот се најбезбедни за специфична облека.
Колку често треба да го перете кашмирот?
Добрата вест е дека не треба да го перете кашмирот после секое носење. Можете да носите кашмир најмалку два пати пред да го измиете, во зависност од тоа колку се потите и дали носите нешто одоздола.
Како да се пере кашмир во машина за перење?
Многу кашмирски џемпери можат да се справат со нежно миење во машина, само држете ги подалеку од фармерки, градници и други груби ткаенини кои можат да ги оштетат. Задолжително свртете го од внатрешната страна и ставете го во мрежеста кеса за перење за да го заштитите. Исто така, важно е да користите нежен детергент.
извор:попара.мк