Чистењето на телото најдобро е да се прави еднаш или два пати годишно, со цел да се врати во нормала, односно, да се опорави организмот. Притоа треба да се внимава да не се изложуваме на непромислени диети.
Повременото чистење на организмот е потребно за да се врати внатрешната и надворешната рамнотежа на нашиот организам кога чувствуваме дека сме ја изгубиле контролата врз нашето здравје и грижа за нашето тело. Нутриционистите препорачуваат да не го правиме тоа непромислено, брзо, со инстант диети кои вклучуваат скапи додатоци во исхраната и храна која не може да се најде во продавниците.
Правилната детоксикација вклучува природна, здрава храна наменета за подобрување на вашето здравје со кои ќе го исчистите телото од наталожените штетни материи. Еден од начините на детоксикација е секојдневно внесување на природни сокови или смутија во утринските часови и соодветен избор на храна во текот на денот за да вашето тело е обезбеди со витамини, минерали и антиоксиданти, се разбира со помош на физичката активност и различни техники за исфрлање на токсините од телото.
Нутриционистите препорачуваат спроведувањето на програмата еднаш годишно, по можност во пролет или лето, а се разбира може да се примени во било кое друго време, кога ќе се чувствувате уморни, слаби и подготвени за темелно чистење.
При детоксикацијата би било добро да се придржувате кон неколку правила кои ви се потребни за „ресетирање“, а тоа се:
1. Намалување со конзумација на цврста храна
Детоксикацијата обично бара намалување со конзумација на цврста храна и исфрлување на одредени видови на храна која содржи алергени и иритира, со што ќе го намалите товарот на дигестивниот тракт. Така, за појадок се препорачуваат здрави течни оброци, како што се овошјето и зеленчукот.
2. 12 часа пауза помеѓу вечерата и појадокот
Многу нутриционисти ќе ви кажат дека за одржување на здрава тежина потребно е да се направи 12 часа пауза помеѓу вечерата и појадокот, за да организмот не се преоптовари во времето кога ние не сме толку активни. Од прилика 8 часа по последниот оброк се активира процесот на детоксикација на телото кој трае околу 4 часа за длабоко чистење.
3. Намалување на киселоста на организмот
Причината за многу болести и намалувањето на имунитетот често се скриени во киселоста на телото. Во кисела храна спаѓаат: преработена и пржена храна, слатки, бел ориз, компир, брашно, засладено овошје и безалкохолни и алкохолни пијалоци, додека во алкална спаѓаат: повеќето овошје и зеленчук, зелен чај, ѓумбир и црното кафе. Целта на детоксикација е да се регулира рамнотежата на киселини и бази во телото за да го подобри вашето здравје и да се чувствувате подобро.
4. Поддршка на црниот дроб
Несоодветна исхрана, обработена и масна храна го преоптеретуваат нашиот црн дроб, а намирниците кои се користат во детоксикацијата треба да бидат намирници кои и помагаат на функцијата на црниот дроб и кои ќе помогнат црниот дроб да си ја врши својата функција – да ги отстранува непотребните материи