Радио Милева зимска идила

Како на разгледница: На своето прво зимување Хана качаена на малото пони коњче слатка ко бомбонче! (ФОТО)

Како на разгледница: На своето прво зимување Хана качаена на малото пони коњче слатка ко бомбонче! (ФОТО)

Тамара Тодевска заедно со сопругот и ќеркичката се на заслужен зимски одмор. Ова и е прво зимување на малата Хана, па не ни чудо што целата е претворена во око и уво на снегот во еден од планиските ски центри во соседството.

Топло облечена, седната на снегот, со идилична зимска позадина на фотографијата која ја постирала мама Тамара,  Хана навистина изгледа како да е од разгледница! Толку е слатка, што тетка и Тијана поска да ја… „изеде“!

Сепак највпечатлив момент е оној кога тато Мачка и мама Тамара решија да ја качат да јава на мало Пони коњче.

Иако веројатно и е прв пат, Хана  тоа го прави како да е родена во седло.  Па, талентот се познава од мали нозе. До сега видовме дека знае да танцува, а отсега знаеме дека умее и да јава! За пеење е се’ уште рано, ама… Ако не Диск Џокеј, тогаш џокеј сигурно може да биде.

Како и да е, Хана и малото пони се слатки ко бомбони! Да не ја спомна некој тета Тијана… „Ханибал Лектор“?!

 

To top