Живот и Стил

Како мажите правилно треба да носат аксесоари?

Како мажите правилно треба да носат аксесоари?

ДАЛИ СТЕ МАЖ КОЈ НЕ ЗНАЕ КАКО ДА НОСИ И КОМБИНИРА АКСЕСОАРИ?

Многу мажи не ја ставаат модата на високо место на нивната листа на приоритети. Девојките често се советуваат помеѓу себе, но поретко можеме да сретнеме написи кои овој момент им го објаснуваат дополнително на мажите. За таа причина, есенцијално важно е да им се објасни на кој начин може да изгледаат убаво без да трошат дополнително време за да се потрудат да сватат што оди со што, такашто би добиле одличен изглед кој би им овозможил да се чувствуваат и да изгледаат одлично и удобно во она што го носат на себе, а пред се и мудро да ги потрошат своите пари на аксесоари кои се клучни за одличен изглед.

Џебни марамчиња

Џебните марамчиња се наменети за мажи кои сакаат со својот уреден изглед во одело или сако во комбинација со панталони или класични фармерки да дадат мало освежување на целокупната гардероба.
Иако се само функционален само на изглед моден детал, марамчињата можат да се комбинираат во различни комбинации.

Постојат неколку правила кои мажите треба да ги следат кога станува збор за марамчињата и тоа:

– Доколку сте малдоженец и носите црно одело, марамчето е потребно да биде во бела боја (доколку станува збор за потемно одело и бела кошула), во црна боја доколку станува збор за бело сако, или пак во една боја која ќе биде во складсо вашата машна.
– Доколку носите поопуштена комбинација како сако и фармерки тогаш препорачуваме носење на повибрантни марамчиња (нормално доколку сакото не е и самото по себе премногу шарено или со дезени)
– За класичен посекојдневен изглед препорачуваме избор на било какво марамче без негово комбинирање со машна.

Копчиња за манжетни

Копчињата за манжетни се малку пософистициран детал кој не го препорачуваме во секојдневната гардероба, туку повеќе советуваме да се комбинира во комбинации за излегување, многу битни настани и состаноци, деловни вечери, балови, свадби и слично.
Препорачуваме употреба на поедноставни копчиња за деловни настани, додека пак копчиња со детали, бои и декоративни камчиња за настани како свадби, балови и сл.

Каиши и трегери

Помеѓу овие два аксесоари постои едно пишано правило -НИКОГАШ НЕ СЕ КОМБИНИРААТ ПАРАЛЕЛНО!
Поради тоа што ја имаат истата функција- овие два елементи комбинирани заедно би изгледале како тотален промашај. Каишот се советува да се користи во комбинација со чевлите, односно каква боја чевли- таква боја и на каиш, додека пак трегерите почесто се комбинираат по боја со машната, а исто така и со чевелот нормално.

Паричник

Паричниците играат интересна улога во севкупниот стил на еден маж. Тие се само еден неопходен аксесоар, а кажуваат многу за мажот. Тие се мали прозорци на машката душа што би рекле дизајнерите, – буквално и фигуративно во исто време. Мажите кои внимаваат на изгледот на својот паричник се мажи со дефиниран стил.

Очила за сонце

Очилата за сонце покрај изгледот потребно е да бидат практични. Особено внимание треба да се обрне кога станува збор за избор на стајлинг, односно помодернистички очила не се носат со премногу класичен изглед.
Кога станува збор за очилата исто така не треба да го занемарите фактот дека секој тип на очила не одговараат на сечие лице, затоа избирајте очила според  формата на вашето лице покрај стилот на облека!

Часовник

Часовниците се одличен избор и надополнување на мажите со стил. Покрај нивната одлична практичност, се преферираат како моден детал кој дефинитивно не останува незабележан. Препорачуваме инвестиција во покласичен модел на поскап часовник кој ќе одговара со секаков тип на гардероба, а воедно ќе укаже и на тоа дека се грижите за својот изглед!

Марама

Марамата е одличен аксесоар во лето над обична маица во комбинација со сако доколку е од лен или од сличен мек и лесен материјал, свилена доколку е за над фрак или одело, или пак подебела во зима во поопуштен стил за практичност.

Машна

Машната е неизоставен елемент било да се работи за класичен и формален изглед за на работа, за на свеченост, излегување со соработници или состанок. Во зависност од типот на настанот незиниот изглед може да се движи од едноставен па се до иновативен.
Во лето за дневна комбинација препорачуваме професионалниот изглед да го направите помалку формален и да ги извадите машните поради високите температури и практичноста нормално.Во лето малку поопуштениот стил на носење на кошула со 3/4 ракави ќе го одаде истиот изглед како да сте носеле и машна.

To top