Живот и Стил

Како малите соби да изгледаат поголемо? Најважно е да ја изберете вистинската боја

Како малите соби да изгледаат поголемо? Најважно е да ја изберете вистинската боја

Бојата може целосно да го трансформира просторот. Релаксирачката боја ја претвора вашата соба во смирувачка оаза или додава енергија во вашата кујна или дневна соба.

Дали знаевте дека некои бои можат да ги направат просториите визуелно поголеми?

Темно сина за мал ходник

Ходникот е најдобрата просторија за играње со боите, па зошто да не оставите силен впечаток?

– За малиот стан да изгледа поголемо, најдобро е да започнете со најјаката боја во ходникот. Темно сината боја ќе создаде драматичен впечаток при влегувањето, а потоа другите простории ќе изгледаат посветли во споредба. Не е важно колку се темни ѕидовите во ходникот затоа што секогаш само поминувате покрај нив – објасни Џоа Студхолм, експерт за бои.

Сива боја за мала дневна соба

Дневната соба е центарот на домот за повеќето од нас, па затоа е важно да се создаде средина која е топла, привлечна и разновидна.

„Сивото е модерно и шик, а во исто време пријатен, софистициран избор кој ќе направи вашата мала дневна соба да изгледа посветла и поголема“, вели дизајнерката на ентериер Ен Хепфер.

Портокалова за трпезаријата

Ако мислите дека светлите бои прават просторот да се чувствува помал, размислете повторно. Кога станува збор за вашата трпезарија, портокаловата боја може да направи просторот да изгледа поголем, но и да му ја даде на вашиот дом потребната живост.

Мекоста на портокаловите и земјените нијанси внесува силна енергија во просторот, што го прави поголем.

Дури и ако е само еден ѕид, тоа ќе направи вашата трпезарија да делува помоќно, вели експертот за бои Синтија Корнел.

Чисто бело за мала кујна

Со толку многу бои и нијанси за избор, боењето на просторијата во бело може да изгледа досадно. Но, белата боја може да биде совршена боја за вашата мала кујна.

„Ова е полесно да се постигне во кујната отколку во другите простории бидејќи мора да ги земете предвид кујнските елементи“, вели Ен Слоун, основач на „Chalk Paint“.

Бело за мала спална соба

Дизајнерите на ентериер се согласуваат дека ѕидовите од бела боја можат да создадат илузија на поголема спална соба.

– Неутралните бои се секогаш добар избор за зголемување на просторот бидејќи ја поттикнуваат природната светлина што влегува. Најдобри тонови за спалната соба се нежни беж и слонова коска – откри дизајнерката на ентериер Ванеса Александар.

извор:попара.мк

To top