Живот и Стил

Како какаото делува на Вашиот организам

Како какаото делува на Вашиот организам

Природен лек – какаото ја зголемува отпорноста на штетното ултравиолетово зрачење, го стимулира мозокот да создава ендорфин, го чува кардиоваскуларниот систем.

Какаото воглавно се консумира заради опојниот мирис и вкус, но повеќето од нас не размислуваат за неговите други, вистински вредности. Зголемениот број на истражувачи кои се фокусираат на овој егзотичен плод, ги откриваат другите корисни вредности. Благодарение на изобилството на различните состојки, се покажа дека е ефективно на повеќе “полиња”.

Флавонолите, подгрупите на флавоноидите, се особено интересни за модерната медицина. Истражувањата покажуваат дека кај испитаниците кои пиеле какао со високо ниво на флавонол значително им го намалило крвниот притисок и ја подобрило функцијата на крвните садови за 47 проценти. Професорот Карл Кин од Универзитетот Дејвис во Калифорнија, член на меѓународниот истражувачки тим, нагласи дека сите несакани ефекти се исклучени.

Во исто време, флавонолите како антиоксиданти имаат способност да ја неутрализираат активноста на слободните радикали, чие производство во текот на метаболичките процеси во телото ги оштетува различните клеточни ќелии, вклучувајќи ја и ДНК-та, што доведува до стареење и формирање на разни дегенеративни болести.

Истражувачите велат дека е исклучително ефикасен во зачувувањето на здрава кожа. Редовното консумирање на какао ја зголемува отпорноста на кожата на штетно ултравиолетово зрачење, со што се одложува појавата на иритација и црвенило, брчки и пигментација. Исто така, стимулирана е и микроциркулацијата, која обезбедува подобро снабдување со хранливи материи и кислород и ја зголемува густината на дермата – средниот слој на кожата која дава еластичност и напнатост. Хидратацијата се зголемува и спречува губење на вода.

Во тримесечна студија, холандски и германски научници докажале дека кожата на жените кои секојдневно пиеле топло какао, станала понежна, хидрирана и помалку осетлива на активноста на сонцето. Тие го докажаа што знааеја одамна и Астеците. Какаото го стимулира мозокот да создава ендорфин, што доведува до релаксација, елиминација на стресот и болката. Ја стимулира секрецијата на допамин и серотонин што го зголемува нивото на расположението, што луѓето што се склони кон депресија го надополнуваат со огромна количина на чоколадо. Во секој случај, какаото е извор на менталното здравје и добро расположение, и за разлика од синтетичките лекови, не постојат несакани ефекти.

Ниту Британците не останаа имуни на предизвикот да ја проверат здравствената ефикасност на какаото. Тие откриле дека дневниот внес на шоља какао го спречува згрутчувањето на крвта, односно тромбот, кои, ако стигнат до срцето или мозокот, може да предизвикаат инфаркт или мозочен удар. Исто така, докажано е дека дневната потрошувачка од 22 грама какао во прав значително го намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Затоа, какао во прав треба да се консумира без грижа на совеста.

Полифенолите се друг вид на состојки кои ги содржи какаото, кои играат важна улога во зачувувањето на здравјето, бидејќи го штитат кардиоваскуларниот систем како антиоксидантите и влијаат на намалувањето на високиот крвен притисок. Со цел да се зачуваат полифенолите во чоколадото, некои производители избираат квалитетни зрна какао.

Во текот на продизводството се скратува времето на ферментација, со цел да се намали губитокот на полифенолите. Затоа е важно да проверите на декларацијата какво чоколадо јадете. По правило, штангла чоколадо од триесет грама треба да има 300 милиграми полифеноли. Иако оваа состојка ја има и во овошјето, зеленчукот, чајот и виното, експертите велат дека убедливо  најсилно делува какаото. Затоа, немојте да се двоумите.

Желба за чоколадо

Повеќе од 40 отсто од жените секојдневно чувствуваат потреба за чоколадо, затоа што после овулацијата се намалува нивото на серотонин, поради што се јавува променливо расположение и раздразливост. При конзумирање на чоколадото се ослободуваат ендорфини, кои дејствуваат не само релаксирачки, но исто така придонесуваат за младешки изглед.

Теобромин

Какаото содржи стимуланс теобромин, алкалоидот, кој му припаѓа на семејството на кофеин. Тој е значаен бидејќи го стимулира централниот нервен систем и срцето, ги шири крвните садови и претставува диуретик. Се екстрахира од лушпите на семето од какао, а од јадрото, по ферментацијата и пржењето на какаото се добива масло и какао во прав.

To top