Не постои погрешен начин да се јаде пица, но дали знаевте дека начинот на кој го правите тоа дава знаци за вашиот карактер?
Иако веројатно сте премногу зафатени за да размислувате за начинот на кој го јадете вашиот убав оброк, научниците кои го проучуваат говорот на телото во една неодамнешна студија открија дека во зависност од начинот на кој јадете пица, припаѓате на една од четирите категории на личности – двигатели, „влијатели“, поддржувачи и внимателни коректори. Во која категорија припаѓате дознајте подолу.
Едноставно загризувате и уживате
Луѓето кои само навалуваат на пицата сакаат да ја јадат на најдобар можен начин (и повеќето се согласуваат дека овој начин најдобро функционира). Тоа се луѓе кои генерално се одлучуваат за истите додатоци, тие се внимателни коректори и едноставно не сакаат изненадувања кога станува збор за нивната пица.
Ја јадете пицата преклопена
Луѓето кои ги преклопуваат парчињата пица имаат тенденција да бидат „мулти-таскери“ и ги јадат своите оброци додека прават други работи во исто време. Во професионалната терминологија, тие се нарекуваат двигатели.
Користите нож и вилушка
Луѓето кои јадат пица со вилушка и нож генерално се опишани како методични луѓе кои сакаат да се држат до рутина (барем кога станува збор за јадење пица). Тие се и луѓето кои кога се во друштво прво ќе се погрижат секој да има свој дел пред да почнат да јадат. Истражувачите ја нарекоа оваа група поддржувачи.
Прво ја јадете корката
Наводно, ако и пријдете на пицата „одзади“, сакате да бидете поинакви и храбро да пробувате нови работи. Вашите пријатели веројатно ве нарекуваат трендсетери, а научниците ве нарекуваат „инфлуенсери“. Почнувањето од кората сигурно ќе привлече внимание кое воопшто не ви пречи (барем додека држењето на парчето не стане невозможно).
Извор: Курир.мк