Живееме во свет во кој доминираат социјалните мрежи, а многу е важно да се има на ум дека повеќето фотографии и видеа објавени на Instagram всушност не се реални.
Луѓето секогаш сакаат да се прикажат во најдоброто светло, особено славните личности. Повеќето од нив објавуваат фотопоширани фотографии и така наметнуваат нереални стандарди во изгледот на младите девојки.
Зголемениот број случаи на депресија меѓу младите во денешно време понекогаш е последица од влијанието на социјалните мрежи и нереалните стандарди за убавина, наметнати од славни личности и инфлуенсери.
Младите луѓе поради нив често мислат дека не се доволно добри или убави или дека не се вклопуваат во модерните стандарди за убавина.
Но, на Instagram има и профил кој објавува како изгледаат славните личности во реалноста, па може да се уверите дека всушност тие се обични луѓе со недостатоци и дека не треба да верувате во тоа што го гледате на социјалните мрежи.
Извор: Кајгана