Живот и Стил

Како хороскопските знаци изразуваат љубов?

Како хороскопските знаци изразуваат љубов?

Љубовта може да се изрази на многу начини, не мора дa значи дека некој не ве сака доколку не ви кажува „те сакам“.

Овен

Ако Овенот отворено ви изрази љубов, треба да знаете дека тој е искрен. Ако не ви кажува „те сакам“, но сака да се шегува со вас и ве третира убаво, треба да знаете дека ве сака.

Бик

Ако не сте сигурни дали Бикот ве сака, обрнете внимание на неговите дела. Тие сакаат да се придржуваат до некои традиционални вредности, па ако забележите дека ви посветува премногу внимание – тогаш е вљубен во вас.

Близнаци

Близнаците најтешко изговараат „те сакам“. Тие се романтични, но во исто време сакаат и да се забавуваат па многу им е тешко да го усогласат сето тоа.

Рак

Кога Ракот е вљубен, ќе ви го покаже тоа на секој можен начин – ќе ви направи вечера, ќе ве повика на романтичен состанок, ќе ве покрие ако заспиете гледајќи телевизија.

Лав

Лавот ја почитува сопствената слобода, но кога ќе се вљуби станува опседнат со партнерот. Ќе знаете дека е вљубен во вас кога ќе ви предложи да останете сами дома и да уживате, наместо да инсистира да излезете некаде.

Девица

Луѓето родени во овој знак мразат кога ќе почувствуваат дека се вљубени во некого бидејќи ова чувство ги плаши. Бидете трпеливи со нив – на почетокот се многу срамежливи, но кога ќе се ослободат во врската ќе ви го посветат целото нивно внимание.

Вага

Кога Вагата е вљубена ќе биде искрена кон вас и ќе ве третира на ист начин како и останатите. Ќе сака да ги сподели и најголемите тајни со вас и ќе ви докаже дека имате посебно место во нејзиниот живот.

Скорпија

Скорпиите се тврдоглави, но кога ќе се вљубат партнерката ја третираат како кралица.

Стрелец

Луѓето родени во знакот Стрелец имаат авантуристички дух, па и љубовта за нив е еден вид авантура. Кога ќе се вљубат изгледаат многу несериозно. Кога вистински го сакаат партнерот, патуваат со него и испробуваат нови работи.

Јарец

Вљубениот Јарец сака да ја импресионира партнерката со својата интелигенција, па затоа на почетокот изгледа малку како сноб. Ќе препознаете дека има сериозни намери кон вас кога ќе ве запознае со семејството.

Водолија

Тешко е да препознаете кога Водолијата е вистински вљубена, но кога ќе се случи тоа целото слободно време го посветуваат на партнерот, се смејат и на нивните најлоши шеги, одат секаде со него.

Риби

Рибите важат за многу срамежливи и емотивни, но често се плашат и да не бидат повредени. Кога ќе се вљубат во некого се грижат за него, му праќаат убави пораки, ја делат храната, ги гледаат омилените романтични комедии…

To top