Живот и Стил

Како до заштита на чизмите и чевлите во текот на зимата?

Како до заштита на чизмите и чевлите во текот на зимата?

Со добри чизми велат нема зима. Но, треба да ги сочувате, одржувате и негувате. Еве како да ги заштитите во текот на зимата.

Се разбира дека нашите обувки се изложени на различни надворешни влијанија во зима. Воден снег како соснежица на пример, може да ги “изгризи“ и да завршите со мокри нозе. Затоа, за зима задолжително  треба да имате еден пар  удобни  чизми за секој ден кои се водоотпорни, топли  и обложени од внатре  со крзно и едни кожни чизми кои се бараат посебна грижа во зимско време бидејќи може во целост да се уништат.

Подготовка на обувките за зима

Како што кажавме, треба да инвестирате во добри обувки, барем два квалитетни пара обувки за зима. Помеѓу носење оставете ги да се исушат барем 12 часови – така ќе го задржат обликот и подолго ќе траат. Чистете ги после носење, барем со крпа, а дамките од сол отстранете ги веднаш, пред обувките да се исушат.

Штом купите нови обувки заштитете ги со еден слој соодветна крема за чевли/чизми, посебно ако станува збор за кожни обувки. Внимавајте, обувките да не ги чувате веднаш покрај радијаторот или греалка – така неповратно ќе ги уништите. Ако чизмите ви се мокри соберете го вишокот вода со хартија, а потоа наполнете ги со весници од внатре (или со слични парчиња хартија).

Кожни обувки

Поголемо внимание и заштита бараат кожните обувки. Редовно треба да ги премачкувате (посебно пред излегување на снег) и чистите. За да ги подготвите за прво излегување на снег, исчистете ги добро со сува крпа, потоа извадете ги врвките и нанесете заштитна крема (водоотпорна), посебно на местата каде се шиени и на местата каде врвките се преклопуваат. Оставете ги саат време да ја упијат кремата, а доколку има вишок крема соберете ја со сува крпа. Ставете ги повторно врвките. Повторувајте ја оваа процедура во текот на зимата повеќепати, особено ако обувките се нови.

Како да ги отстраните  дамките од сол?

Белите прстени  околу обувките не само што изгледаат лошо туку може и брзо да ги уништат вашите омилени чизми или чевли. За да ги отстраните може да користите лимон или оцет.

На сува крпа исцедете малку сок од лимон, па притиснете на флеката  на флеките од сол на обувките.  Повторете неколку пати додека солта не се отстрани комплетно. Откако белите кругови ќе ги снема, поминете со сува крпа за да ја соберете влагата што е вишок.

Обувки од антилоп  кожа

Ако за овие обувки во зима не се грижите добро за момент може да настрадаат – беж надеж за поправка. Секако, тие не се идеални  за зимско време но ако нема вржени, мокри тротоари и слично, безбедни се за носење. Четкајте ги со посебна четка за антилоп кожа и користете наменски водоотпорен спреј.  (Спрејот прво испробајте го на мал невидлив дел од обувките  за да бидете сигурни дека нема да влијае на бојата) .

Чувајте ги од директна сончева светлина, на суво и ладно место за да не избледат.

To top