Живот и Стил

Како да заштедите 23.000 евра до следниот летен одмор?

Како да заштедите 23.000 евра до следниот летен одмор?

Доколку сакате да заштедите пари и за летување, купување автомобил или нешто друго на кое сте фрлиле око, погледнете ги советите што ги сподели една корисничка на социјалната мрежа TikTok.

Аби Данцмјур и нејзиниот партнер сакале да купат куќа. Решиле да почнат да штедат пари. Набрзо на TikTok откри одлични трикови со кои за 10 месеци успеале да издвојат дури 23.000 евра „на страна“!

„Еве неколку совети кои ни помогнаа во изминатите десет месеци“, вели таа во видеото што го објави на TikTok, но додава: „Можеби нема да им помогне на сите, но ни помогна нам“.

Одделна штедна сметка

Првото нешто што треба да направите е да отворите посебна банкарска сметка, на која ќе ги депонирате парите што планирате да ги заштедите.

„Последното нешто што сакате е сите ваши пари да бидат на иста сметка. Лесно е да се направи посебна сметка, па ќе бидете помалку во искушение да трошите”, тврди Аби.

Сфатете ги парите како работно време

Следниот совет кој може да ви помогне да потрошите помалку е да не размислувате колку чини нештото, туку колку време треба да работите за да можете да го купите.

„На пример, ако една чанта чини 80 фунти, а ви требаат, да речеме, осум часа за да заработите толку пари, дали навистина сакате да ги потрошите тие 80 фунти за кои работевте осум часа?“, вели Аби, додавајќи дека таа „не би станала во шест часот наутро и да работи цела смена само за да купи чанта. Има подобри начини да се потрошат парите“.

Секогаш поставувајте си го ова прашање

Пред да купите нешто, запрашајте се дали ви треба или само сакате да го купите.

„Постои разлика помеѓу желбата и потребата, пронајдете ја таа разлика.“

Аби признава дека порано купувала импулсивно, но сега кога ја знае разликата „нејзиниот живот е многу подобар“.

Да бидеме реални, иако советите на Аби се валидни, сепак сигурно зборуваме за луѓе со примања далеку поголеми од просечните во Македонија, па можеби прилагодете ги сумите на нашите услови. Сепак, заштеда е заштеда!

извор: кајгана

To top