Живот и Стил

Како да се справите со ‘рчењето?

Како да се справите со ‘рчењето?

Рчењето не е само непријатна навика, туку може да биде и сериозен здравствен проблем за партнерот на луѓето што ’рчат. Било пресметано дека оние луѓе што имаат партнер кој што ’рчи, до 50-та годишнина од свадбата, губат во просек 4 години сон. Прочитајте како да се справите со оваа незгодна навика.

  1. Користете тениско топче

Најголем дел од луѓето ’рчат кога спијат на грб. Исечете дел од стара маица, во неа завиткајте тениско топче и зашијте го на средината од задниот дел од пижамата. Неудобноста што топчето ќе ја предизвика, ќе ве присили да ја смените положбата, без разлика дали сте будни или пак тоа го правите во сон.

Резултат со слика за teniss ball

  1. Ставете повеќе перници

Обидете се да ставите повеќе перници под главата, за дополнително да ги отворите дишните патишта. На овој начин, грлото нема да се затвори и нема да почнете со ’рчење. Доколку не можете да спиете на високи перници, ставете нешто под ногарките на креветот, за да ја подигнете страната кадешто ви се наоѓа главата.

Резултат со слика за pillows

  1. Вклучете го навлажнувачот за воздух

Доколку ’рчите поради настинка или запушување на дишните патишта, еден од начините да ги прочистите е со вклучување навлажнувач на воздухот во Вашата спална соба, во текот на целата ноќ. Ова предизвикува излачување на секретот од Вашите синуси, со што се прочистуваат дишните патишта и се намалува ’рчењето.

Резултат со слика за навлажнувач за воздух

  1. Користете лента за нос

Доколку ’рчите постојано, а не сте сигурни за причината, можеби се работи наследен фактор. Ако на пример имате стеснети назални канали, тогаш обидете се со ленти за нос, коишто се лепат на надворешноста, а чија задача е да ги прошират каналите, за низ нив да минува доволна количина воздух, со што ќе се намали ’рчењето.

Резултат со слика за Лента за нос

 

To top