Живот и Стил

Како да се ослободите од болниот херпес?

Како да се ослободите од болниот херпес?

Иако речиси секој од нас во некој период од животот може да го добие вирусот на херпесот, тој не кај секого се развива како клиничка инфекција. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем, значајно може да се спречи појавата на херпеси.
Ако некој кој е еднаш заразен со вирусот херпес симплекс, останува носител целиот свој живот.

Херпес симплекс: Симптоми

Вирусот создава мали, болни меурчиња на усните. Овој вирус е заразен. Тој се пренесува со бакнување или со друг личен контакт со личноста која е заразена од вирусот или со предмети кои се во допир со вирусот – крпи, цевки за пиење, прибор за јадење).

Херпес симплекс предизвикува низа симптоми кои траат помеѓу една и три недели пред да се појават меурчињата. Личноста може да се пожали на болка во грлото или да забележа отечени лимфни жлезди.

Можна е и појава на тешкотии во голтањето или треска. Во некои случаи, постои пецкање во подрачјето каде што меурчињата ќе се појават или чешање на кожата. Иако меурчињата кои се појавуваат како херпес изчезнуваат за од два до десет дена, вирусот останува „успиен“ во телото.

Тој ќе живее во нервните клетки и може да избие повторно кога нешто ќе го активира. Тие активатори може да бидат стрес, болест како настинка или грип, замор. Некои луѓе чувствуваат трнење во областа каде ќе се појави херпесот.

Симптомите на херпес може да се појавуваат често: дури и еднаш месечно. Секое новоизбивање на херпес ќе биде полесно и поблаго како што времето поминува, но и понатаму ќе се појавува на истото место.

Вирусот херпес симплекс не може да се излекува со никакви лекови. Антибактериските кремови може да помогнат да се запре инфекцијата која може да се појави кога меурчињата пукаат и кога кожата е оштетена. Раната не треба да ја допирате.

Алтернативни решенија кои можат да го олеснат проблемот:

1) Ладно-топли облози на погодените подрачја. Ако имате меурчиња на усните, пробајте наизменично да ставате мраз и топоп чај.
2) Измијте ја устата со топла вода, помешана со морска сол
3) Избегнувајте многу зачинете храна, цитрони или која било храна која може да ви предизвика печење на местото
4) Антивирусните лекови можат да ви ги препише вашиот лекар, но би требало да ги употребувате откако ќе се појават првите знаци на херпес

Природни лекови против херпес симплекс

Ехинацеа

Многубројни студии покажале дека ехинацеата влијае врз факторите кои предизвикуваат воспалителни процеси. Таа влијае врз лекувањето на ткивото и спречува создавање белези. Клинички е докажано дека влијае антивирусно против херпес сиплекс.

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво делува антимикробско против вирусот хепрес симплекс. Студиите покажале дека го намалува времетрањето од 12 на 9 дена на херпесот.

Прополис

Прополисот има антибактериски дејства, антивирусни и антифунгални својства. Се верува дека има и антисептичко дејство, а исто така го зајакнува имунитетот, но и дејствува локално. WebMD препорачува користење на прополис маст пет пати дневно на зафатените области.

Магазинот „Израелска медицинска асоцијација“ вели дека флавоноидите во пчелниот прополис дејствуваат антиоксидативно и помагаат во борбата против инфекции и го зајакнуваат имунитетот.

Цинк и витамин Ц

 

Клиничките истражувања покажуваат дека земањето на цинкот и витаминот Ц орално, може да ги намали симптомите за херпесот.

Витаминот Ц го зголемува нивото на глутатион, протеин кој служи за формирање на аминокиселини кои делуваат против вируси.

Надворешната примена на цинкот исто така се покажало како ефикасно во ублажувањето на симптомите и го спречува повторното појавување на херпес.

извор:скопје24.мк

To top