Со современиот начин на живот доаѓа и стресот.
Стрес на работното место, напнатост, нервоза… сe што треба да направите е да се опуштите, но не секогаш имаме време за одмор, посебно кога сте затворени во канцеларија, кога цел ден доаѓаат и си одат странки, кога шефот ни „труби“ над глава.
Еве неколку совети за тоа како да се опуштите на работното место:
– Коцка црно чоколадо може да ви помогне да се опуштите. Секогаш имајте барем еден ред до вас за да си ги смирите нервите доколку е потребно. Темното чоколадо го регулира нивото на хормонот кортизол кој влијае на стресот.
– Зелениот чај е богат извор на танини, супстанции кои го намалуваат бесот. Две-три голтки се доволни за да се смирите. Барем нема да бидете растреперени пред колегите или шефот.
– Mедот е заштитник на кожата и одличен антибиотик, а тој влијае и на мозокот. Помагаи при борбата против депресија и анксиозност.
– Кога ќе забележите дека стресот ви расте, дека обврските немаат крај, дека главата ќе ви „експлодира“, почнете да броите. Вдишете длабоко и почнете полека да броите до десет, а потоа и наназад до еден. Повторете го ова уште еднаш.