Еден млад ученик отишол кај мудрецот и го запрашал: „Како можам да научам да сакам?“
„Па,“ одговорил мудрецот: „Можеш да почнеш да ги практикуваш овие правила:
- Никогаш не давај лажна слика за себе.
- Секогаш вели да, кога е да, а не, кога е не.
- Секогаш исполни го дадениот збор, дури и ако тоа те чини многу.
- Погледни ги другите со отворени очи, обидувајќи се да ги дознаеш нивните доблести и недостатоци.
- Прифати ги кај другите не само нивните доблести, туку и нивните недостатоци.
- Научи да простиш.
- Дај им го на другите најдобро од себе, но не ги криј своите недостатоци.
- Продолжи го односот со другите дури и по разочарување и предавство.
- Научи да се извиниш кога сфаќаш дека си направил грешка.
- Проширувај го пријателството, победувајќи ја љубомората.
- Избегнувај ги затворените и посесивните пријателства.
- Дај им на другите дури и кога другите не можат да ни дадат ништо за возврат.“
Ученикот со збунет поглед рекол: „Ова се прекрасни правила, но тешко е да се живеат!“
„Зошто, кој ти кажа дека љубовта е едноставна?“ Рече мудрецот.
„Не постои лесна љубов, нема евтина љубов“.
Секој бара љубов, но малкумина се подготвени да ја платат цената жртвување!“
„Кога ќе можам себеси да си кажам дека научив да сакам?“ прашал ученикот.
„Никогаш, бидејќи мерката на љубовта е да се сака без мерка“, одговорил Мудрецот.