Препознајте го проблемот на време, разговарајте со вашето дете и помогнете му.
Нормалната тага доаѓа, а таа се јавува како резултат на некој настан. Меѓутоа, клиничката депресија е секогаш присутна и кај детето се јавува чувство на раздразливост и недостаток на интерес за учество во одредени активности.
Некои големи промени во домот, како што се семејна смрт, развод и селидба, можат да доведат до значителни промени кај децата. Нормално е да се грижите ако детето нема блиски пријатели, особено ако е предучилишна возраст кога веќе треба да има омилена другарка или другар.
Симптомите кои ја карактеризираат депресијата кај децата и адолесцентите се:
- Честа главоболка, абдоминална болка и замор кај децата;
- Недостаток на интерес за учество во настани и забави организирани во предучилишната установа;
- Секојдневно незадоволство, раздразливост, врескање или плачење;
- На детето му е постојано досадно;
- Недостаток на интерес за играње со другарчињата;
- Тешкотии во комуникацијата со другите деца;
- Прекумерна чувствителност и страв од неуспех
Родителите имаат најголема одговорност. Тие треба да ги откријат причините и да се обидат да ги елиминираат на најдобар можен начин. Родителите мора постојано да разговараат со своите деца и да им посветат многу време.
Раздразливоста е најчестиот симптом
Главната разлика помеѓу депресијата кај возрасните и децата е тоа што возрасните се чувствуваат депресивно, а децата се нервозни.
Децата кои страдаат од депресија не само што покажуваат знаци на тага, туку тие обично лесно се вознемируваат и немаат контрола врз нивното однесување. Тие често не можат да го идентификуваат она што го чувствуваат и да го презентираат со зборови.
Раното дијагностицирање на депресијата е од клучно значење
Хроничната депресија може да ја смени структурата на мозокот. Истражувањата покажуваат дека хроничната депресија може да го намали хипотаминот, а тоа е делот од мозокот кој помага да се регулираат емоциите. Депресијата тогаш предизвикува проблеми во училиштето, алкохолот и дрогата стануваат закана за децата, а во најтешките случаи може да го зголемат ризикот од суицидни мисли.