Живот и Стил

Како да одвоите време за одмор и да се опуштите додека работите од дома?

Како да одвоите време за одмор и да се опуштите додека работите од дома?

Работата од дома за време на пандемијата на коронавирусот стана вообичаена за многумина. Не само што се промени начинот на работа, туку и начинот на кој се одморате. Наместо да јадете ручек во ресторан со колегите, сега јадете сендвич набрзина, истовремено проверувајќи го вашиот мејл. Како да го промените тоа?

Исклучително е важно да се исклучите и да се обидете да се оттргнете од работата за време на паузата за ручек. Најдобро е да ја вклучите опцијата „режим на летање“ на вашиот телефон.

Ако бевте на ручек заедно со колегите, веројатно не би одговориле на телефонските повици. Ако не ви помага ни опцијата „режим на летање“, чувајте го вашиот мобилен телефон во некоја фиока што можете да ја заклучите. Тоа е одлично решение да не гледате цело време во екранот.

Луѓето кои живеат сами и им недостасува разговор со други луѓе, може да организираат ручек со нив за време на паузата. Но, кога ќе организирате ручек надвор од дома додека работите од дома, не одете премногу далеку затоа што на тој начин би можеле да бидете изложени на непотребен стрес. Сепак, таа одлука зависи и од самата личност и од тоа дали таа сака да ја помине паузата со другите луѓе. Понекогаш интровертите претпочитаат да ја поминат паузата за ручек во ресторан без друштво на други луѓе.

Покрај паузата за ручек, секој што работи од дома треба да се обиде да воведе уште неколку кратки паузи во својот дневен распоред. Ако работите од дома, може да легнете на креветот, но важно е да не спиете повеќе од петнаесет минути.

Поради пандемијата на коронавирусот, подолгите патувања сè уште се многу неизвесни. Но, потребна ви е промена на околината, особено ако вашиот дом се претворил во канцеларија. Ако сте во можност, избегајте од дома и сменете ја околината на неколку дена.

За крај, за време на одморот, исклучете го компјутерот и другата опрема од вашата домашна канцеларија веднаш штом ќе завршите со работата за тој ден.

извор:кафепауза.мк

To top