Живот и Стил

Како да носите „nude“ кармин?

Како да носите „nude“ кармин?

По правило „nude“ усните се носат кога сакаме да нагласиме „smokey eyes“, долги трепки или руменило, па избегнуваме да ги истакнеме усните со кармин во јака боја.

Немојте да ја нанесувате оваа боја ако усните ви се суви и испукани. Ако ви се чини дека изгледате бледо со „nude“ усни, тоа е така од две причини: или не сте ја избрале вистинската нијанса или доволно не сте го нагласиле остатокот на лицето.

Ако имате светол тен, пронајдете нијасни како светло златни и боја на праска кои ќе му додадат топлина на вашето лице.

фото: charlottetilbury.com

Оние со нешто потемна боја на кожа најдобро им одговараат пинк нијанси.

За оние со изразито темен тен, бронзените и карамел тонови ќе ја истакнат на вистинскиот начин вашата совршена кожа.

To top