Живот и Стил

Како да направите печени костени во рерна? Омиленото есенско задоволство готово за 20 минути

Како да направите печени костени во рерна? Омиленото есенско задоволство готово за 20 минути

Костенот е задоволство поради кое можеби најмногу ѝ се радуваме на есента, а малку е познато дека тој е вистинско богатство кога се работи за здравјето.

Во 100 грама костени има 131 калорија, но и многу, многу повеќе!

Зошто треба да јадеме костени?

Од витамини, најзастапен е витаминот Ц (26,7 мг.), потоа Е, А и витамините Б комплекс, а од минералите најмногу содржи калциум, магнезиум (дури 54 милиграми!), цинк, железо, бакар и манган.

Да не мислевте дека тоа е сè? Грешка – затоа што костенот има и омега-3 и омега-6 масни киселини и сите есенцијални амино киселини!

Ова овошје со богат вкус е богато со протеини, влакна и масти, а е многу популарно. Брзо дава чувство на ситост, прави чуда за кардиоваскуларното здравје, здравјето на дигестивниот систем, се користи во исхраната на дијабетичари, лица со висок крвен притисок, анемија и луѓе чувствителни на глутен, ги зајакнува коските и забите, ги стимулира функциите на нервниот систем…

Како да испечеме костени во рерна?

Многу вкусен печен костен може да се подготви и дома, а за тоа не ви треба ни посебен сад за печење, односно тавче со дупчиња, можете да ја искористите било која стара голема тава!

Откако добро ќе ги измиете и исушите костените, со остар нож направете засеци на средината на секој костен. Наредете ги во тенџере, покријте ги со малку вода и додадете прстофат сол. Штом водата зоврие, веднаш извадете ги костените од шпоретот, префрлете ги од тенџерето во тава и ставете ги во рерна загреана на 220 степени.

Доволно е да ги печете костените околу 15 минути, а потоа да ги покриете со крпа или да ги ставите во затворен пластичен сад или кеса. Оставете така да отстои десетина минути за поубаво да ја излупите кората.

На здравје!

Извор:Курир.мк

To top