Новогодишната елка од тестенини е прилично лесна за изработка, евтина и убава. Погледнете како да ја направите оваа златна елка направена од макарони во форма на панделки.
Елката од тестенини е едноставна и евтина декорација што можете лесно да ја направите заедно со своите деца. Најдобро е да започнете да ја правите елката малку порано затоа што изработката е долготрајна.
Можете да залепите два реда панделки на картон и да ги оставите да се сушат еден ден, а потоа да продолжите со следните слоеви. За среќа, колку што е помал обемот на конусот, толку и работата оди побрзо.
- Потребни материјали:
- Картон или стиропор
- Тестенини (можете да изберете форма по ваша желба)
- Лепило
- Златен или сребрен спреј
- Украси
- Стаклено шише со зашилен врв (на него ќе го ставите картонот)
Исечете полукруг од картон – колку што е поголем полукругот, толку поголема ќе биде елката. Залепете го во форма на конус и ставете го на шишето. Почнете да ги лепите тестенините колку што е можно погусто за да не се гледа картонот и продолжете така сè до врвот. Откако ќе се исуши лепилото, нанесете спреј. Потоа, откако ќе се исуши спрејот, залепете ги украсите.
Погледнете ја постапката чекор по чекор.
извор:кафепауза.мк