Доколку посакувате среќен и исполнет живот, морате да внимавате на некои навики кои можат да бидат сериозна закана за вашата среќа. Како што вели Маркус Аурелиус: „Малку е потребно за среќен живот; тоа малку се наоѓа внатре во вас, во вашиот начин на размислување“, честопати вистинската причина за среќа/несреќа доаѓа од вас самите и од начинот на кој се однесувате. Најлошото нешто што можете да го направите е да станете заробеник на вашите чувства. Во продолжение прочитајте како да ги надминете навиките кои ве прават несреќни.
1. Престанете да се сомневате во вашиот потенцијал
Една од навиките кои навистина можат да ве направат несреќни е да се сомневате во себе и во своите способности секогаш кога ќе наидете на голем предизвик во животот. Не потценувајте го вашиот потенцијал бидејќи никогаш нема да знаете за што сте способни сè додека не се обидете да ги постигнете вашите цели. Најголемата (но, и единствената) пречка која може да застане на патот кон успехот е сомнежот во себе. Затоа, работете и никогаш не се сомневајте во себе!
2. Не го отежнувајте животот
Животот е комплициран сам по себе и затоа не треба да го отежнувате уште повеќе. Научете да ги прифаќате работите онакви какви што се и посветете им се на вашите приоритети, еден по еден, за да не се чувствувате преморени или исцрпени.
3. Не се фокусирајте само на негативната страна во животот
Ако постојано го насочувате вниманието на сè што е негативно во вашиот живот, тогаш сосема нормално е да бидете несреќни. Обидете се да ја надминете оваа лоша навика така што ќе го смените начинот на размислување. Прифатете го фактот дека во животот постојат и подеми и падови и дека ништо не е совршено.
4. Не трошете премногу време размислувајќи за минатото
Тоа што било поминало, а вие не можете ништо да направите за да го смените. Затоа, не губете го времето во анализирање на болните спомени или пропуштените можности. Фокусирајте се на вашата иднина и на прекрасните работи што ќе ви се случат. Живејте во сегашност и уживајте во секој миг!
5. Престанете да се споредувате со другите
Лао Це рекол: „Сите ќе ве почитуваат кога ќе бидете задоволни со себе и кога нема да се споредувате или натпреварувате со другите“. Колку и да биде тешко да ја отстраните оваа нездрава навика, сепак не е невозможно. Наместо да се споредувате со другите, споредувајте се со себе, со она што сте биле пред 5, 10 години. Ќе сфатите дека сте направиле голем напредок низ годините. Бидете благодарни за она што го имате и не земајте сè здраво за готово!
изво; allwomenstalk.com