Бриен Пени покажала како со малку пари можете да го уредите вашиот дом како вистински професионалец.
На својот Инстаграм профил, стилистката често споделува фотографии од својот дом, а Канаѓанката смета дека светлите бои, перничињата и големиот број собни растенија се клучни за добриот изглед на секој ентериер.
View this post on Instagram
„Дури кога ќе започнете да бирате бои за ѕидови, ќе сфатите колку нијанси на беж или розовa постојат во боите. Моето искуство ми покажа дека не смеам брзо да се одлучам, туку да земам примероци за дома, да ги залепам на ѕид и да си дадам време од неколку дена, па дури тогаш да изберам“, рекла Пени.
Таа е љубителка на бохо и романтичниот стил, па објаснила како ги комбинира боите:
View this post on Instagram
„Сакам топли, земјени тонови помешани со модерен дизајн. Боите на карамел, сенф, нежно розова и боја на слонова коска сочинуваат совршена комбинација од нијанси“.
Важен момент ѝ се перничињата, како и собните растенија:
„Барате едноставен и економичен начин како да го освежите секој простор? Инвестирајте во нови бои и перници. Исто така, обожувам тапети и ѕидни налепници, а што се однесува до перничињата, постојат многу прекрасни опции“, раскажала девојката за „Origin Magazine“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
извор: кармин.точка.мк