Живот и Стил

Како да го намалите крвниот притисок за пет минути?

Како да го намалите крвниот притисок за пет минути?

Високиот крвен притисок е состојба која се јавува сè почесто во модерното време како резултат на стресното секојдневие.

Скоро секој од нас понекогаш се наоѓа во ситуација кога притисокот му е покачен. Во такви моменти, потребно е да ги опуштите мускулите што е можно побрзо за да може крвта слободно да циркулира.

Кинеската медицина смета дека крвниот притисок може да се намали без лекови, за многу кратко време. Според нив, протокот на крв до мускулите и ткивата е најважен за да се намали притисокот.

За да се овозможи ова, потребно е да се прави масажа на две клучни точки:

Точка број 1

Всушност, ова не е точка туку линија која поминува зад ушната ресичка и оди до клучната коска. Оваа линија не треба силно да ја притискате, туку само да поминете низ неа со нежни движења со врвовите на прстите, од горе надолу.

Постапката треба да ја направите 10 пати од едната и 10 пати од другата страна.

Точка број 2

Оваа точка се наоѓа на лицето, во висина на усната ресичка на половина сантиметар од увото во правец кон носот. Точката масирајте ја со врвовите на прстите една минута од едната, па од другата страна на лицето.

Притискајте посилно, но не премногу силно, со кружни движења.