Еве како да го намалите холестеролот без лекови!
Високиот холестерол е еден од најчестите здравствени проблеми, кој со текот на времето може да доведе до зголемен ризик од срцеви заболувања, срцев удар и рана смрт. Кардиоваскуларните болести се главната причина за смртност во светот. Најмалку 150.000 луѓе умираат секој ден од болести на срцето и крвните садови. Постојат навики кои можете да ги промените кои ќе ви помогнат да го намалите холестеролот природно:
Наместо кафе, започнете го денот со овесна каша
Домашното кафе содржи и до 30 пати поголема концентрација на дитерпени од филтер кафето, што може да предизвика зголемување на холестеролот во крвта. Повеќето од нас имаат навика денот да го започнуваат со кафе, а советот на експертите е прво да се земе овесна каша. Растворливите влакна кои се наоѓаат во неа влијаат на LDL холестеролот и ви помагаат да останете сити подолго време.
Пешачете секој ден најмалку половина час
Воведувањето физичка активност помага да се намали лошиот холестерол и да се зголеми нивото на добриот холестерол. Препораката на лекарот е, во зависност од општата здравствена состојба, човекот да има од 150 до 300 минути аеробна активност. Доколку тоа не е можно, дневната прошетка од половина час може да помогне. На тој начин ги намалувате шансите за појава на наслаги на вашите артерии, па дури и домашните работи доаѓаат во предвид ако го забрзаат пулсот.
Зголемете го внесот на влакна
Влакната од цели зрна, грав, јаткасти плодови, семки, овошје и зеленчук помагаат во намалување на холестеролот и треба да бидат дел од вашата исхрана. Растворливите влакна се многу моќни бидејќи влијаат на апсорпцијата на холестеролот во крвотокот, се врзуваат за холестеролот во цревата и ја спречуваат неговата апсорпција. Не само што влакната ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити, туку и позитивно ќе влијаат на нивото на холестерол.
Зголемете го внесот на омега-3 масни киселини
Ако јадете риба два пати неделно, консумирате одличен извор на протеини и омега-3, масти кои му се неопходни на организмот. Тие помагаат во намалување на нивото на триглицериди и го забавуваат растот на наслагите во артериите, што автоматски доведува до намалување на холестеролот. Експертите препорачуваат да јадете риба, како лосос, пастрмка, туна и сардини.
Јаткасти плодови
Оревите, бадемите и другите јаткасти плодови се богати со мононезаситени масни киселини, кои го намалуваат ЛДЛ холестеролот, а го оставаат ХДЛ „добриот“ холестерол. Една шака ореви дневно помага да се намали ризикот од срцеви заболувања, покажуваат студиите. Мала порција ќе ги ограничи мастите и калориите, но избегнувајте ги оние што содржат многу сол.
Извор: Курир.мк