Во светот кој е исполнет со негативности, насилство и тага, позитивниот став може многу да го олесни животот. Невозможно е да се контролираат животните случувања целосно, но можете да ја контролирате вашата реакција на тоа што се случува. Ваквиот став овозможува да бидете силни кога се соочувате со животните предизвици. Кога децата го развиваат позитивниот став рано во животот, позитивното размислување станува навика која може да ги олесни притисоците во возрасниот период.
Доколку сте родители на мали деца веруваме дека овие чекори ќе ви помогнат врз градењето на позитивен став кај нив.
1. Научете ги децата да ги контролираат нивните внатрешни монолози. Тоа се изјави кои децата константно ги повторуваат во себе и во своите мисли, како на пример: „Не ме бива за математика.“ Помогнете им да ги заменат овие негативни изјави наведувајќи гласно или нечујно: „Можеби потешко ми е да ја сфатам математиката, но ќе продолжам да се обидувам и ќе барам помош од моите наставници, родители и од другите ученици.“
2. Потсетете ги вашите деца дека реакцијата на позитивниот или негативниот настан што се случил во нивниот живот е нивен избор. Научете ги на тоа со употреба на следниов пример: „Да се лутиш некому е како да пиеш отров, а да очекуваш некој друг да се отруе.“
3. Обидете се да создадете позитивна атмосфера во вашиот дом гледајќи смешни филмови, кажувајќи шеги и приказни. Објаснете им на вашите деца дека само кога се смеат ќе се чувствуваат подобро.
4. Покажете наклонетост кон нив во облик на љубезни зборови, прегратки и бакнежи.
5. Помогнете им да развијат некое хоби во кое се добри за да изградат доверба во себе. На пример, децата што имаат убав глас можете да ги охрабрите да земаат часови по пеење за да го школуваат нивниот глас и да напреднат.
6. Поттикнете ги да пишуваат дневник за да можат после некое време да ги видат своите издигнувања и паѓања, поради што биле среќни и сè она што ги повредило. Сигурно некаде ќе запишат и што научиле од тоа што им се случило.
7. Кога вашите деца ќе доживеат разочарување, замолете ги да размислат за лекциите што можат да се научат од таквото искуство за да ги избегнат грешките во иднина. Пофалете ги за покажување зрелост и препознавање на лекциите, како и за проактивниот пристап на грешките наместо да се задржите на нив.
Можеби веќе применувате некои од овие чекори?
извор:кафепауза.мк