Радио Милева Тажна животна судбина

Кајли Миног го победи ракот на дојка, но животот и нанесе уште еден удар: „Не знам дали би можела да се снајдам“

Кајли Миног го победи ракот на дојка, но животот и нанесе уште еден удар: „Не знам дали би можела да се снајдам“

Иако не може да се каже дека Кајли Миног не беше баш популарна, особено во 2000-те кога го објави хитот „Can’t Get You Out of My Head“, многу нејзини фанови сè уште мислат дека таа е потценет артист.

Имено, Миног беше долго во центарот на вниманието поради своите хитови, но и поради изгледот. Менаџерите и издавачките куќи немаа никаков проблем да ја промовираат како „сексапилната џебна Венера“, а кога во 2000 година ѝ се врати на поп музиката со синглот „Spinning Around“, медиумите не престанаа да пишуваат за нејзиниот задник во минијатурните златни шорцеви, пренесува Курир.рс

Но, изгледот и пеењето не е единствениот талент на оваа легендарна музичарка – таа ја започнала својата кариера како дете, а за првпат била забележана во популарната сапуница „Neighbours“ која се прикажуваше во Австралија и Велика Британија од 1986 до 1988 година. Штом завршило снимањето на серијата, Кајли одлучила да ѝ се посвети на музиката, а првиот албум кој го сними излезе под едноставен назив – „Kylie“.

фото:профимедиа

За жал, една година подоцна започнал лош период во животот на Миног. Таа забележала грутка во едната дојка, но лекарите ја уверувале дека сè е во ред. Имала само 36 години и дотогаш немала поголеми здравствени проблеми. Сепак, побарала уште едно мислење и тогаш ѝ била потврдена дијагнозата на рак.

„Се сеќавам дека ја дознав дијагнозата, но никој во светот сè уште не знаеше за тоа. Разговарав со мојот брат и тогашното момче во лекарската ординација. Сите бевме во неверување и одлучивме да одиме на кафе. Келнерот нè поздрави со типичното: „Еј, како сте денес?“, а сите некако му одговоривме дека сме добро и му се заблагодаривме на прашањето како да сме роботи.

Во тоа време мислев дека навистина не мора да знае низ што некој проаѓа. Но, помислив и дека истата личност утре ќе го отвори весникот и ќе каже: „Ох Боже, вчера беше тука, а ние не знаевме…“, рекла Кајли во едно неодамнешно интервју.

По дијагнозата следела операција, а подоцна и хемотерапија. Во февруари 2006 година, пејачката објави победа над тешката болест, а целата ситуација го променила нејзиниот поглед кон животот.

„Тоа е голема промена: пред и потоа. Сега, со оглед на ситуацијата со коронавирусот во светот, многумина велат дека ова е „новото нормално“, но мислам дека откако ќе успеете да го победите ракот или некоја друга болест која може да ви го промени животот, само мора да се прилагодите. Животот е низа предизвици и мора да се стремите да искусите што повеќе добри работи. Моментално навистина чувствувам дека животот се состои од моменти, а има многу моменти кои се добри и треба да ги славиме бидејќи ќе ги искусите и добрите и лошите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)

Една од полошите работи кои ѝ се случиле како последица на тоа што се изборила со ракот толку млада, е тоа што не може да има деца. Кајли сега има 52 години, а до дијагнозата немала деца.

„Сите велат дека постојат опции, но не сум сигурна. Сега сум во 50-те години од животот и имам малку поинаков поглед кон животот. Не можам да кажам дека не ми е жал и секако дека сум тажна, но не можам да се препуштам на очајот. Секако се прашувам како би изгледало да имам деца или по некое чудо да забременам. Не знам дали воопшто би можела да се снајдам“, открила Миног.

To top