Радио Милева овој пат доби момче

Кајли Џенер стана мајка по вторпат

Кајли Џенер стана мајка по вторпат

Американската манекенка и  инфлуенсерка Кајли Џенер со фотографија на „Инстаграм“ обзнани дека на 02.02.2022 станала мајка.

Имено, таа објави фотографија како рака го држи новогодишното бебе.

Со оглед на тоа што на објавата додаде сино срце, на многумина им стана јасно дека овој пат родила момче.

Претходната година, 24 годишната манекенка откри дека чека бебе со својот партнер Травис Скот.

Парот ја има четиригодишната ќерка Сторми Вебстер.

Нејзината сестра Кортни Кардашијан под објавата напиша:  Мајка на два животи.

Кајли Џенер и Тревис Скот добија огромен број честитки од славните.

фото:BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia/instagram

To top