Радио Милева се пофали

Каја Остојиќ го прослави 39-от роденден: Пејачката доби подарок роза од чисто злато (фото+видео)

Каја Остојиќ го прослави 39-от роденден: Пејачката доби подарок роза од чисто злато (фото+видео)

Пејачката Катарина Каја Остојиќ го прослави својот 39-ти роденден, а по тој повод им приреди забава на своите најблиски.

Иако многумина можеби очекуваа луксузна локација, Каја прославата ја организираше во својот дом каде ги собра своите најдобри пријатели додека Јоца Стефановиќ цела ноќ им пееше.

– Само една желба на овој ден, а тоа е секогаш да ми биде како денес во главата и срцето. Затоа што – животот е убав, а најдоброто допрва доаѓа – истакна пејачката која не ја тргна насмевката од лицето.

Богата трпеза со слатки и салама и, секако, торта како што доликува на пејачка – со микрофон и ноти беа само дел од оваа магична ноќ.

И покрај специјалитетите, Катарина воодушеви многумина со тоа што успешно се спротивстави на храната и, дури и на нејзиниот прекрасен ден, се придржуваше до ригорозен режим на исхрана и вежбаше, а се шегуваше и за себе.

– Не штедам ни за роденден – рекла Каја, а потоа се пофалила со подарокот кој го оставил без зборови, а тоа бил роза од 24 каратно злато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K A Y A (@kaya_ostojic)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Каја Остојиќ

To top