Пред неколку недели во медиумите како бомба одекна веста дека пејачката Каја Остојиќ се разведува од познатиот рапер Џуниор Џек.
Пејачката потврди дека се разведува од сопругот и тогаш потенцираше дека не е виновна трета личност за нивниот брак, туку дека меѓу нив нема емоции.
Од друга страна, Џуниор за „Сцена“ првпат проговори за се што ми се случува, причините за разводот и за новата љубов.
„Таа не е жена со која сакам да поминам целиот живот, ми требаа неколку години да го сфатам тоа.Физички не сме заедно веќе два месеци, а ментално со години“ вели Џуниор.
Бидејќи медиумите пишуваа дека наводно Каја го изневерила сопругот, раперот вели дека таа тема не ја интеренсира.
„Ако го направила тоа, тоа е нејзин проблем. Ние се разведовме поради недоразбирања“ вели екс сопругот на Каја.
На прашањето дали му е жал што по пет години ставил крај на бракот, Џуниор вели:
„Никогаш не жалам за некои постапки.Иднината ми е супер“:.
Со оглед на тоа дека во последно време објавува фотографија со новата партнерка, тој ја прокоментира и својата нова врска и тоа дали е среќен:
„Среќен е погрешен збор.Воодушевен сум со неа“ вели екс сопругот на Каја.