Новата снаа се пресели кај фолк sвездата Лепа Брена! Најмладиот син на пејачката Виктор Живоиновиќ (22) ја донесе дома во вилата на Бежаниска Коса, својата девојка Сандра Миjаковиќ (26), со која е во врска помалку од една година.
Двајцата решиле да живеат во еден дел од куќата, која се реновира и опремеува, па минатиот викенд се видени како купуваат мебел! Како што дознаваме, новата снашка на Брена е од Брус, а студира српски јазик и литература во Белград и работи како шминкерка. И таа ја шминка нејзината идна свекрва за сите нејзини јавни настапи!
„Виктор и Сандра се неразделни уште од првиот ден и тие навистина се сакаат. Тој дури и одлучи драстично да ослабе заради неа. Девојчето го мотивирало да истрае во диетата и тренингот, па успеа да изгуби дури 54 килограми!“ – вели добро информиран семеен извор и додава дека младата двојка решила да живее заедно за време на корона пандемијата, а можеби и после тоа:
„За време на вонредната состојба, Сандра престојуваше претежно во неговата куќа. Потоа се зближи до Брена, затоа што ја шминка секој ден. Брена е воодушевена од нејзината вештина, па започна да ја рекламира и на социјалните мрежи. Таа и Боба дури и предложија Сандра да се пресели кај нив!
Иако живеат под ист покрив, младата двојка има своја интима.
„Кај Брена и Боба има доволно простор за сите. На Виктор веќе му е доделен добар дел од вилата каде останува со Сандра. Тие се договорија да се собираат само за ручек и дека можат да бидат сами до крајот на денот. Решија да го уредат просторот по свој вкус, па затоа купија нов мебел минатиот викенд. Таа избра нова спална соба, а Виктор плати за сè без дискусија“ – вели изворот и додава дека најмладиот Живојиновиќ сè уште не планира брак:
„Тој ‘одлепи’ по Сандра, но сè уште нема да се жени. Ми рече дека тие ќе зборуваат за брак само кога таа ќе заврши на факултет.
Како што се говори, Сандра е првата голема љубов на Виктор.
„Сандра немаше познати момчиња, па не беше навикната на вниманието на медиумите. Имаше неколку кратки врски, а Марко Миљковиќ своевремено се обидуваше да ја осбои! Двајцата се од Брус и имаат заеднички пријатели, но Сандра никогаш не посака да биде со него“ – вели изворот.