Живот и Стил

Кафе на стапче! Одличен освежителен десерт, на кој со задоволство ќе му се враќате, особено во топлите летни денови

Кафе на стапче! Одличен освежителен десерт, на кој со задоволство ќе му се враќате, особено во топлите летни денови

Малку инстант кафе, бадемово млеко, мед и уште неколку состојки ќе бидат доволни за ова одлично уживање.

Доколку сте љубители на домашен сладолед, особено ќе ви се допадне овој со вкус на кафе.

Состојки:

три или четири лажици инстант кафе

500 мл вода

200 мл бадемово млеко

100 мл слатка павлака

две лажици мед

Подготовка:

Измешајте ги кафето со водата, па ставете го во фрижидер да се излади. Потоа додадете го бадемовото млеко, слатката павлака и медот, кратко изматете со миксер и истурете во калапи за сладолед на стапче. Ставете во замрзнувач да се излади и стегне, па послужете.

Извор: Курир.мк

To top