Живот и Стил

Каде сѐ се наоѓа хемикалијата која предизвикува рак?

Каде сѐ се наоѓа хемикалијата која предизвикува рак?

Во многубројни намирници кои секојдневно ги консумираме, пронајдена е исклучително токсична хемикалија одговорна за настанување на ракот и на многу други заболувања.

Станува збор за супстанција под називот акриламид пронајдена во намирници како чипсот, помфритот, кафето и кексите разни производи од житарки.

До формирање на акриламид во ваквите намирници доаѓа како последица од хемиска реакција до која доаѓа со приготвување на наведените намирници на високи температури. Акриламидот е најлесно да се препознае по кафената боја која се формира при пржењето или печењето на намирниците.

Најголеми количини акриламид се создаваат во намирници кои се богати со јаглени хидрати кои се изложуваат на температури повисоки од 120 степени Целзиусови, при услови на намалена влажност.

To top