Пејачката Јова, односно Јованка Житарова пред повеќе од еден месец го промовираше видеото за темата „Биди сама своја среќа“ кое што има над 300.000 прегледи на Јутјуб што е голем успех за еден македонски изведувач.
„По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема поинакво нешто, од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Биди сама своја среќа“ – изјави тогаш Јова.
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/jovanka-zitarova-se-vrati-kako-jova-so-poraka-bidi-sama-svoja-srekja-video/
Јова на музичката сцена токму со овој рефрен се врати после пауза од 10 години, а за време на истата се реализираше во улога на мајка, односно ги роди близнаците Зои и Картер за кои во повеќе наврати досега има истаканто дека и се нејзино „СЕ ‘“ во животот.
Деновиве беше и гостинка во студиото на естрадниот ТВ магазин„Бекстејџ“, а во рамки на гостувањето откри детали поврзани со нејзината кариера, но и приватен живот.
Пејачката за прв пат јавно проговори за враќањето од „туѓина-јабана“ дома во Македонија по разводот со сопругот Роберт, па со солзи во очите прозборе за мајчинството и борбата за нејзините деца.
Целото интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение: