Пејачката Јована Пајиќ и фронтменот на бендот „Тропико“, Александар Цветковиќ, минатата година ставија точка на својата долгогодишна љубов. Парот се раздели мирно, без тешки зборови и скандали, а двајцата велат дека приоритет им се децата и дека остануваат во добри односи.
Јована гостувајќи во една емисија признала дека разводот е најтешкото нешто што го доживеала во животот, но во таа прилика открила дека сѐ уште официјално не се развела од сопругот Сале.
– Поминав низ емотивна разделба, ако бидеме целосно прецизни, односно официјално не го регулиравме тоа. Но, зад мене е прилично тежок период во однос на надминување и помирување со новонастанатата ситуација – изјави пејачката и откри кој и бил најголем поддржувач во тешките моменти:
– Имам две прекрасни ќерки кои ми се сериозен бустер во животот, а потоа некако сè оди многу побрзо. Нема време многу да се размислува за тоа и да се остане во минатото – заклучила таа.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јована Пајиќ