Радио Милева ти ли си?

Јоце Панов реши да смени имиџ комплет: Набилдан, со нова фризура, брада и тетоважа, не една туку со цел „ракав“(фото)

Јоце Панов реши да смени имиџ комплет: Набилдан, со нова фризура, брада и тетоважа, не една туку со цел „ракав“(фото)

За пејачот Јоце Панов работохоличниот пристап е константа, а не периодичен. Тој како никогаш да не мирува кога работата е во прашање, па иако неодамна за „Гранд продукција“ ја издаде темата насловена „Погрешна“, штипјанецот со скопска адреса сега веќе работи на нова песна.

Тоа го обзнани преку својот профил на Фејсбук каде ги изненади следбениците со новиот имиџ кој специјално е наменет за песната и спотот кои ги подговтвува.

Набилдан, со нова фризура, форма на брада и не една туку ограмна „ракав“ тетоважа која ја почна од поодамна, а сега со повод можеби и ја заврши…  Испреплетени слики од женски лик, ангел, петолине со ноти, птици…

Објавата не остана без коментари, односно прашања од типот на „ти ли си Јоце?“, што веројатно и очекувано.

Панов е меѓу ретките на естрадата од посилниот пол кој кога е модата во прашање не им се плаши на промените и сака да експериментира.

Па така, неговата модна индивидуалност знае да трпи промени и тоа од префинета елегантција, лежерност, па се до рокерско бунтовнички став.

Монотонија кај Јоце никогаш нема, сака да биде интересен, актуелен, пред се’ среден за себе, а и за публикта пред која е постојано на настапи.

Редовно на пат Скопје, Белград, а уште почесто низ градовите низ земјата, неуморен и предан на музиката и кариерата.

Обврските не завршуваат тука, семејството е неговиот двигател, малиот Лука и сопругата Марина со која е пет години во брак.

Во неговата набиена агенда стои и секојдневната работа како професор по музичка уметност во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ каде теоретски и практично го пренесува знаењето и љубовта кон музиката.

До новата песна и спот за кои сигурно нема да чекаме многу, слушнете ја „Погрешна“.

фото:Facebook/ Joce Panov JP
видео: You Tube/ Grand parada

To top