Промотер

Јордан Митев со трогателна животна приказна за последното испраќање во – „Татко“ (ВИДЕО)

Јордан Митев со трогателна животна приказна за последното испраќање во – „Татко“ (ВИДЕО)

Македонскиот фолк пејач Јордан Митев ја промовира својата нова песна „Татко“, која како и сите останати е негово комплетно авторско дело. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи како уникатен автор и изведувач на домашната естрада.

Песната е снимена во студиото „Анастасија“, а музички приодуцент бил Љупчо Павловски.

Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој неможел да присуствува на последното испраќање од овој свет на неговиот татко.

За песната снимен е и видеоспот. Режијата и сценариото и овој пат се дело на авторот и пејач Митев, а техничката реализација и снимањето со постпродукцијата на видеото ги работеше неговиот долгогодишен соработник Зати.

Видеото е снимено во познатиот скопски ресторан „Камин Кама“, а до крајот на април Митев најавува уште еден проект.